Соодветност на наставната програма
Tato sekce tu nebude!!! Our team is a collective of passionate cinephiles and film historians, dedicated to preserving and celebrating the rich tapestry of cinematic history. With a deep appreciation for the art of filmmaking, we delve into the stories behind the scenes, uncovering the creative processes, cultural impact, and technological advancements that have shaped the film industry over the decades.
За активноста
Целта на оваа серија работилници е да се разгори имагинацијата и градењето вештини за критичко размислување кај малите деца кои растат во денешниот свет исполнет со медиуми. Преку внимателно размислување и дискусија за филмовите, им помагаме на децата да развијат подлабоко разбирање на аудиовизуелната содржина. Забавните и интерактивни активности ги запознаваат младите гледачи со елементи како што се ликови, бои и музика, охрабрувајќи ги да ги артикулираат сопствени мислења. Овој пристап ја зголемува креативноста, но исто така поттикнува емоционални и интелектуални врски со уметноста на раскажување приказни.
Клубот гради чувство на ангажман и заедништво помеѓу децата. Ние се фокусираме на внимателно гледање и размислување наместо на преполна наставна програма, како и на промената на перцепцијата на филмот како содржина за еднократна употреба кон аудиовизуелна уметност која нè поканува потсвесно да го согледаме светот околу нас. Се фокусираме на личниот развој на децата додека тие учат да ги изразуваат своите мислења во група, да зборуваат за своите допаѓања и недопаѓања и да разберат дека е во ред да ги гледаат нештата поинаку од другите. Тие, исто така вежбаат како да ги сослушаат другите и како да бидат дел од група во која владее меѓусебно почитување.
Ние составивме краток квиз за да можете да го тестирате вашето филмско познавање за работилницата – проверете го!
Што добиваат учесниците
- поттик на креативноста и критичкото размислување
- појасна перцепција и размислување за аудиовизуелни содржини
- вештини во поврзување на филмската содржина со сопствените искуства
- техники за започнување дискусија и самоизразување
- поактивна имагинација и емоционална поврзаност со приказните
- да се изразат допаѓања или недопаѓања, но и да се биде отворен кон различните мислења
- посилно чувство за вклученост и заедницата
Read more
Што добиваат едукаторите
- алатки за поттикнување на креативноста кај децата и критичко размислување
- ќе научат да поттикнуваат внимателно гледање филмови и рефлексија
- ќе научат да ја поврзуваат филмската содржина со личните искуства на децата
- простор за водење групни дискусии и самоизразување на децата
- учтива и ангажирана групна динамика
- средина во која има поддржано учење за различни групи (двојазично доколку е возможно)
Read more
Ресурси
Барања на местото на одржување
- просторија опремена за филмски проекции, со атмосфера слична на киносала (опција за затемнување на прозорците, итн.)
- простор за физички активности
- простор за уметност и активности (може да се прави и на под)
- соседна соба за родители (опционално)
Технологија
- проектор (со опција за запирање на филмот или брзо премотување напред/назад)
- задоволувачка аудио технологија
- компјутер
Материјали
- материјали за изработка – ножици, боички, хартија (различни бои), лепак, блокови за цртање, крзнени жици итн.
- филмски постер за секој наслов / (печатени) фотографии од филмот (доколку се достапни)
- листови за боење, со филмска тематика
Чекор по чекор
Подготовка
(за еднократни настани: 2 часа, циклуси: 1–2 недели)
(за еднократни настани: 2 часа, циклуси: 1–2 недели)
- Истражете кои кратки филмови за деца на возраст од 3 до 6 години се достапни за вашата институција. Барајте бесплатни, но лиценцирани филмови (на пр., Cinemini), како и бесплатни или платени опции. Можете да се одлучите за неми филмови (доколку е возможно од светска продукција или да го стесните изборот на филмови на ваш јазик, бидејќи филмовите со титлови не се препорачуваат за деца од предучилишна возраст).
- Изберете формат: Програмата може да биде самостоен настан или редовна серија. Можете или да ја прилагодите регистрацијата за да ги имате истите деца на секоја сесија, или да ја пренамените работилницата да биде отворена за секого, иако тоа би изискувало поголема промоција од ваша страна. Должината на сесијата, исто така зависи од вас, од 30-минутен час до активност со времетраење од еден цел час. Размислете за вашата содржина и сами замислете го форматот на сесијата според истата.
- Најдете тутори: Објавете отворен повик за тутори за филмско-образовна програма за предучилишна возраст. Можете да се обратите до Педагошкиот факултет или до филмските академии во вашиот град или регион (некои филмски универзитети имаат оддели за филмска едукација). Исто така, можете директно да контактирате со наставници за предучилишна возраст преку отворен повик споделен на вашата веб-страница, социјалните медиуми или други комуникациски канали.
- Запознајте ја вашата публика: Koja возрасна група учесници се бара и колку учесници може да се сместат? Каде да ги најдете: во вашата институција, во блиските предучилишни установи или други образовни/културни организации кои работат со деца. За повеќе совети, видете во делот Пронајдете ја вашата публика
- Отворена регистрација: Креирајте потстраница на вашата веб-страна каде детално ќе биде опишана активноста. Наведете ги идеите за активноста и придобивките; опишете ја вашата таргет публика и додадете корисни информации (време, место, лице за контакт, надомест – доколку е применливо). Малите деца често можат да се разболат или да имаат промени во последен момент во присуството, па затоа е добра идеја да планирате однапред и да имате однапред подготвен список со заменски имиња.
- Направете план: Наведете ги датумите, темите и персоналот за сите ваши сесии, за да можат туторите однапред да испланираат. Сите тутори треба да бидат запознаени со сите филмови во програмата, за да можат да се покријат еден со друг доколку е потребно.
- Подгответе ги активностите и материјалите за секој филм: Подобро е да се започне со филмска колекција што веќе им нуди активности за учење на децата (како на пример Синемини – платформа што нуди куриран избор на филмови и образовни материјали за деца од предучилишна возраст, бесплатно по регистрацијата). На овој начин, ќе добиете подобар преглед на она што е веќе достапно како и идеи за вашите сопствени активности. Откако ќе изберете филм, подгответе ги вашите активности. Започнете со размислување за главни теми и порака на одреден филм што ќе се презентираат пред групата преку различни активности прилагодени за различни видови внимание, од физички активности, уметност и занаети, до разговорни и јазични активности кои поддржуваат социјална интеракција. Важно е да се има предвид детската мотивација и љубопитност низ целиот процес. Лов на богатство, создавање уметност за носење дома или сензорна игра се одлични избори. Конечно, размислете како можете да ја развиете филмската писменост кај децата со филмовите што сте ги избрале и како овие активности можат да ја разбудат нивната љубопитност со цел да ги задржите ангажирани. Погледнете ги Алатките за специфични филмски образовни активности
- Декорирајте го вашиот простор: декорациите со филмска тематика им олеснува на децата да се запознаат со околината уште од самиот почеток, создадете пријатна и привлечна атмосфера. Идеално, тие би биле инспирирани да ги додадат и нивните декорации и уметност!
Имплементација
(1–1,5 часа)
(1–1,5 часа)
- Поставување на просторијата: Пред секоја сесија, проверете дали просторијата е удобна и гостопримлива. Поставете ја вашата опрема, испечатете ги вашите материјали и подгответе се да ги пречекате учесниците и да го започнете часот.
- Топло добредојде: Поздравете ја вашата група, покажете им каде да ги стават своите работи и понудете им активност за загревање додека ги чекаат другите – дури и едноставна игра од 5 до 10 минути со цел да се задржи нивното внимание (на пр., лист за боење поврзан со филмот). Препорачуваме еден предавач да биде посветен на децата, а другиот на родителите (на пр., бележење присуство, и одоговр на често поставувани прашања). Откако ќе им посакате добредојде на сите, најдобро е да ја продолжите сесијата без родителите. Сепак, кај многу мали деца, корисно е да имате соседен простор каде што родителите можат да останат доколку е потребно.
- Запознавање пред проекцијата: Пред да го прикажете филмот, направете пријателски позивно обраќање каде што секој ќе се претстави, по што следат некои „кршачи на мраз“ предводени од тутор (како се чувствуваат, што правеле) што лесно може да се примени во дискусијата за филмот – или можете да споделите неколку забавни филмски факти поврзани со искуството во кино на децата: разговарајте за проекцијата или филмската опрема; прашајте ги за искуството со филмот. Ако правите цела серија, секогаш е одлична идеја да имате ритуал (поема, песна, итн.). Децата сакаат да се чувствуваат вклучени: дозволете им да ви помогнат да ги средите работите решавајќи ситни проблеми (делење перници итн.). Забава за нив, од помош за вас!
- Проекција: Можете да го прикажете филмот од почеток до крај или да го паузирате за да коментирате одредени сцени. Детски непосредни одговори се добредојдени и можете да се навратите на нив подоцна. По филмот, прашајте ги како се чувствуваат во врска со она што штотуку го виделе, дали им се допаднало или не и дали нешто што им го привлекло вниманието. На двојазичните работилници, се препорачува т.н начин на „Еден тутор еден јазик“, додека се преведува од еден на друг јазик по потреба. Исто така можете да поставите цели на учење за секоја сесија, како на пример фокусирање на специфични теми како броеви, животни или други клучни области. Ова помага во насочување на стекнувањето на јазикот и го олеснува следењето на напредокот на децата додека учат клучни концепти на двата јазика.
- Последователни активности: По филмот и дискусијата, продолжете со активности што покриваат различни потреби на децата: движење, креативност и социјална интеракција. Групата може да ужива во гледањето на филмот по втор пат за подобро да се разбере и да ги преиспита идеите кои биле изнесени во дискусијата. Потоа, помогнете им на децата да направат своја сопствена уметност што ќе можат да ја понесат дома и да ја изложат како сувенир од работилницата. Тие, исто така можат да ги користат своите креации за да разговараат со своите родители за нивното искуство.
Евалуација
(опционално) – 1 час
(опционално) – 1 час
Препорачливо е вие како тутори да ги поставите целите што сакате да ги постигнете со вашата/вашите група/групи. Состанувајте се редовно за да проверите дали сте на вистинскиот пат, известувајте за тоа што може да се направи подобро или поинаку. Не плашете се да ги прашате децата за нивното искуство и вклучете ги нивните одговори во вашата евалуација (директни прашања, забавни прашалници кои можат да ги пополнат заедно со нивните родители итн.).
Филмови за гледање
Твојот роденден
Здравко Велимировиќ
Република Македонија
1981
20 минути
Направете ја достапна за сите
- однапред имајте претстава за посебните потреби на учесниците и направете ги потребните прилагодувања
- визуелни и/или слушни попречености: обезбедете титлови, визуелни знаци, толкување на знаковен јазик, систем на индукциска јамка за слух, аудиоописи , тактилни помагала, вербални објаснувања на визуелизации
- развојни потешкотии и потешкотии во учењето: поделете ги активностите на пократки сегменти, користете јасна, едноставна графика, предвидлива структура, визуелни помагала
- физички потешкотии: понудете превоз, минимизирајте го физичкиот напор
- сензорни проблеми: намалете ја бучавата, пригушете го светлото, избегнете силни мириси, изберете филмови со малку дијалог или без дијалог
- охрабрете безбеден дијалог со поддршка каде грешките прераснуваат во поучни моменти
- веднаш справете се со исклучувањето или дискриминацијата и поставете јасни очекувања за однесување со почит
- промовирање самокомпетентност и одговорност со давање дозвола на децата сами да донесуваат одлуки, охрабрувајќи го нивното активно учество
- вклучете ги сите пет сетила во процесот на учење
- негувајте инклузивност со родово неутрален јазик, почитувајќи го идентитетот на секој учесник и со јасна комуникација
Мисли и искуство
ЗА ОРГАНИЗАЦИИ
Што добиваат организациите
- ќе ги проширите вашите програми за грижа за рано детство
- ќе добиете нова млада публика која редовно ќе учествува
- ќе стекнете репутација на семејно позитивна институција (а и учесниците ќе можат да дознаат за вашите други програми
- поврзаност со филмската индустрија и филмски настани, со можност за одржување на работилницата во рамки на фестивали, кина итн., со што ќе се зголеми вашата видливост
- поврзаност со локалните градинки и заедници кои се грижат за деца од рана возраст
Барања на тимот
- Еден или двајца тутори со искуство во грижа за деца од рана возраст и/или експерти за филмско образование. За двојазични работилници, потребни се двајца тутори. Во случај на само еден тутор, треба да имате дополнителна техничка поддршка (видете подолу)
- координатор на работилницата одговорен за регистрација (доколку се одржува надвор од училиштето) и промоција
- техничар
Совети за финансирање
- надоместок за работилницата
- грантови од Министерството за култура и туризам (https://kultura.gov.mk) и Министерство за образование и наука (https://mon.gov.mk)
- повици од градови и региони, кои често поддржуваат културни и образовни проекти
- повици за грантови од национални филмски фондови
- поддршка од фондови поврзани со социјални услуги (канцеларии за вработување)
- спонзорство и групно финансирање
- Европски социјален фонд (ESF)
- Еразмус+
Совети за промоција
- лична комуникација за програмата (настани, лични состаноци со родители/воспитувачи во градинка)
- објави на социјални медиуми – осврт на минатите работилници, покани за претстојните
- билтен кампањи (особено погодни за регистрација на учесници)
- платформи за настани (за промоција на вашата програма и регистрацијата за работилниците)
Пронајдете ја вашата публика
- истакнете ги сите придобивки што ги нуди вашата активност
- мапирајте ја сцената (локални наставници, публиката во вашата институција)
- претставете ја вашата работилница на поголем настан
- понудете ја работилница на филмски фестивали, детски настани, онлајн групи на родители, заедници на иселеници
- секогаш комуницирајте на двата јазика доколку водите двојазична програма











