Соодветност на наставната програма
Оваа активност може да се интегрира во образовните средини и на повисоко ниво – од основно образование (за ученици на возраст од 10 години и повеќе) и во текот на целото средно училиште, и може да се поврзе со наставата по разни природни науки, вклучувајќи: Биологија, Физика, Географија, Хемија и Математика.
За активноста
За да им се помогне на учениците да разберат еден научен феномен да го задржи нивниот интерес и да се биди концизен, не плашете се да воведете свежи перспективи или иновативни методи, дури и ако се нови за учениците. При справување со нови или сложени концепти, обезбедувањето разновидни искуства за учење може да го предизвика размислувањето на учениците. Поттикнете го критичкото размислување.
Ефикасен начин да се направи ова е со помалку очигледни филмски избори да се прикажат уникатни визуелни и наративни претстави, правејќи ги апстрактните или тешките научни концепти поопипливи и разбирливи. Со воведување научни идеи на нови и привлечни начини, филмовите им помагаат на учениците да го видат материјалот од различни агли и го зајакнува нивното разбирање.
Користењето непознати филмови, исто така може да ја поттикне љубопитноста и да го промовира критичкото размислување, да ги охрабри учениците да поставуваат прашања, да анализираат и да размислуваат за информациите. Визуелното раскажување приказни овозможува емоционална поврзаност со содржината, создавајќи поангажирано и незаборавно искуство за учење. Филмовите, исто така можат да го поддржат развојот на нови стратегии во наставата. Нивното усвојување им помага и на едукаторите и на учениците да го подобрат разбирањето, што во крајна линија придонесува за поефикасни практики за учење и предавање на природните науки. Со проширување на вашиот фонд на ресурси – како што се непознати филмови – можете да ги инспирирате учениците да истражуваат научни феномени со подлабока љубопитност и ангажман.
Што добиваат учесниците
- подлабоко навлегување во науката: визуелното раскажување приказни помага да се разјаснат тешките научни феномени.
- повеќе љубопитност и критичко размислување: гледањето на научните идеи од повеќе перспективи ги прави истите поразбирливи.
- подобрен ангажман: филмовите го привлекуваат вниманието на учениците, подобрувајќи го запомнувањето и правејќи го учењето поинтерактивно.
- медиумска писменост: оценувањето на точноста и претставувањето на научната содржина во филмовите помага во развивањето на критички вештини за медиумска писменост.
- соработничко учење: групните дискусии и споделувањето помеѓу врсници ја промовираат тимската работа и помагаат во разбирањето на материјалот.
Read more
Што добиваат едукаторите
- премостување на уметноста и науката: Едукаторите можат да ја подобрат својата настава со комбинирање на креативните уметности со научните принципи, промовирајќи интердисциплинарен пристап.
- подобрени алатки за учење: Користењето на нови филмски ресурси ги оживува методите на настава, правејќи ги часовите подинамични и поинтересни.
- подобрена ангажираност на учениците: Визуелното раскажување приказни го задржува вниманието на учениците и нуди интерактивно искуство во училницата.
- подлабок увид: Филмовите го стимулираат критичкото размислување, помагајќи им на учениците да разберат сложени теми и да учествуваат во значајни дискусии.
- пошироки перспективи за настава: Наставниците можат да испробаат нови начини за да зборуваат за науката, проширувајќи го својот сет на алатки за настава.
- посилна врска меѓу учениците и наставниците: Ангажираните ученици сè повеќе сакаат да учествуваат, се подобрува динамиката во училницата и наставник-ученик
- личен раст: Новите методологии ја одржуваат наставата свежа и отвораат врати за креативност и професионален развој.
- поврзаност со едукатори со слични размислувања: градење мрежи со врсници од целата земја.
Read more
Ресурси
Барања на местото на одржување
- просторија каде што можете да прикажувате филм (опција за затемнување на прозорците)
- простор за уметност и правење изработки (маси, столови, осветлување)
Технологија
- проектор
- соодветно аудио поставување
- компјутер или таблет со пристап до интернет (за филмови и истражувања)
Материјали
- моливи и пенкала во боја, графитни моливи, гуми за бришење, острилка, фломастери, боички
- линијари, ножици, лепак
- хартија и тефтери за активности
Чекор по чекор
Подготовка
(1–3 часа)
(1–3 часа)
- Проверете ги Алатките за едукативни материјали за филмските класици. Започнете со филмови без дијалог за подобро разбирање.
- Избор на филмови: Изберете филмови врз основа на областите што сакате да ги истражувате (на пр. физика, биологија, географија). Погледнете ги филмовите и одлучете дали да го прикажете целиот филм или само одредени делови.
- Подгответе едукативни задачи: Прегледајте ги задачите и прашањата во Алатките. Ќе ги користите подоцна за вашите дискусии и активности. Одлучете колку задачи ќе користите и дали да се работат самостојно, во парови или тимски.
4. Запознајте се со содржината: Размислете за возраста и образовното ниво на вашите ученици и одлучете за должината и длабочината на проекцијата на филмот.
Заклучни совети
- разновидност: Користете класични филмови штедливо – околу 1 до 4 пати годишно. Премногу часови базирани на филмови може да ја намалат нивната ефикасност. Измешајте ги познатите филмови со помалку познатите за да го одржите целото искуство свежо и привлечно за учениците.
- флексибилност: Прилагодете ја должината и тежината на задачите на возрасната група и контекстот на вашиот час.
- ангажман на учениците: Оставете им време на учениците да размислуваат и да разговараат за филмовите и науката.
Имплементација
(1–3 часа)
(1–3 часа)
- Истакнете го значењето на научните концепти во филмот. Прашајте ги учениците дали го имаат гледано филмот претходно.
- Филмска проекција: Прикажете го избраниот филм или филмски сегменти. Поттикнете ги учениците да запишуваат белешки за клучните сцени или идеи што се чинат дека се поврзани со научната тема.
- Образовни задачи: По проекцијата, разгледајте ги задачите и прашањата. Тие можат да се прават самостојно, во парови или во групи, на час или дома. Вклучете ги учениците во дискусии за да ги истражат научните идеи прикажани во филмот. Поттикнете критичко размислување со поставување отворени прашања за филмот.
- Групна дискусија:Олеснете ја дискусијата за да им дозволите на учениците да ги споделат своите мислења и набљудувања и за тоа како филмот им помогнал подобро да разберат одредени научни концепти. Прашајте ги: Што ви откри филмот, а што не сте го знаеле претходно? Како визуелната претстава ви помогна да го разберете научниот концепт?
Евалуација
(1–2 часа)
(1–2 часа)
- Побарајте од учениците повратни информации за филмот и активноста. Што им се допадна? Што им помогна подобро да ја разберат науката? Прашајте ги дали би сакале повторно да пробаат ваков вид на искуство за учење и кои филмови или теми би сакале понатаму да ги истражат.
- Преглед на концептот: Одвојте време да ги преиспитате научните концепти дискутирани во филмот. Охрабрете ги учениците да воспостават врски помеѓу она што го виделе на екранот и концептите што ги научиле на часот. Воведете повеќе концепти или феномени; филмовите можат да помогнат апстрактните идеи полесно да се запомнат.
Филмови за гледање
Оган
Столе Попов
Република Македонија
1976
12 мин.
Направете ја достапна за сите
- јасност: Додавајте титлови или транскрипција на филмовите за да можат сите да се вклучат во материјалот, вклучително и учениците со оштетен слух. Одржувајте ги образовните материјали и задачи јасни и достапни за различни ученици.
- онлајн настава: Понудете пристап до филмови или дискусии преку интернет за оние ученици или заедници кои не можат лично да присуствуваат. Ова може да биде одличен начин да се допре до пошироката публика. Посебни размислувања за учениците со попреченост: Направете прилагодувања на материјалите или задачите за учениците со различни потреби за учење: поедноставени задачи, визуелни помагала или тактилни материјали за оние со оштетувања на видот.
- пристап на јазици: Доколку работите со различни јазични групи, обезбедете материјали со превод или прикажувајте филмови на различни јазици за никој да не биде изоставен.
Мисли и искуство
ЗА ОРГАНИЗАЦИИ
Што добиваат организациите
- зголемен ангажман на заедницата: Организациите што нудат иновативни образовни програми, како што се часови по природни науки базирани на филм, можат да привлечат повеќе учесници и да создадат посилна врска со заедницата.
- интердисциплинарна соработка: Со интегрирање на филмот во образованието, организациите поттикнуваат соработка помеѓу дисциплините, како што се науката, филмските студии и уметноста, придонесувајќи за побогато искуство во учењето.
- пошироки партнерства: Пристапот може да им помогне на организациите да развијат нови партнерства со филмски архиви, научни музеи, училишта и други образовни институции, што ќе доведе до споделени ресурси и експертиза.
- одржливи образовни програми: Со вклучување на студентите во креативно и неконвенционално учење, организациите можат да создадат свежи и значајни образовни понуди, градејќи долгорочен успех и одржливост.
- повеќе грантови и финансирање: Иновативните проекти што ги поврзуваат уметноста и науката имаат висок потенцијал за привлекување грантови и финансии од страна на образовни и од културни институции, бидејќи ги исполнуваат и образовните и уметничките цели.
Барања на тимот
- 1–2 наставници по природни науки кои работат во основни или средни училишта или 1–2 едукатори во музеи по природни науки
Совети за финансирање
- грантови: Побарајте можности за владино или приватно финансирање поврзани со образованието, уметноста и науката. Многу институции обезбедуваат грантови, конкретно насочени кон поддршка на креативни и иновативни образовни иницијативи.
- спонзорства: Побарајте спонзорство од организации поврзани со образованието, филмот или науката – особено оние кои се посветени на образовната работа.
- соработки: Партнерството со училишта, универзитети или научни музеи може да води до заедничко финансирање или споделување на срества како што се ресурси и простор на местото на одржување.
- филмски фестивали и образовни партнерства: Некои филмски фестивали нудат финансирање или спонзорство за образовни програми или партнерства. Побарајте фестивали фокусирани на наука или образовна дејност.
Совети за промоција
- кампањи на социјалните медиуми: Користете платформи како Фејсбук, Инстаграм и Твитер за промоција на настани. Споделувајте снимки од подготовките на филмовите, тизер трејлери или интервјуа со едукаторите за да го зголемите интересот.
- посветена веб-страница или блог : Поставете страница или блог за да ги истакнете активностите, да споделувате ресурси и да објавувате новости. Исто така, може да архивирате минати настани и материјали.
- локално ангажирање: Промовирајте ја работилницата во центрите во заедницата, библиотеките и локалните настани. Организирајте кратки сесии или филмски проекции на овие места за да ја подигнете свеста.
- печатени и други медиуми: Контактирајте ги локалните весници, телевизиите и онлајн медиумите за да известуваат со цел да привлечете поширока публика и да ја зголемите видливоста.
- од уста до уста: Охрабрете ги учесниците да ги споделат своите искуства. Препораките од колегите честопати се многу ефикасни.
Пронајдете ја вашата публика
- училишта и едукатори: Известете ги основните и средните училишта – особено наставниците и администраторите по природни науки кои бараат нови интердисциплинарни методи на настава.
- центри за заедницата и библиотеки: Идеално за организирање филмски вечери или научни работилници кои ја ангажираат пошироката заедница.
- филмски и културни групи: Поврзете се со филмски клубови и културни институции заинтересирани за вклучување на филмот и образованието.
- семејства: Организирајте семејни настани фокусирани на науката за да ја разбудите љубопитноста и да го поддржите раниот интерес за STEAM.
- онлајн заедници: Споделете ја програмата преку форуми за наука и образование и групи на социјалните медиуми за да пронајдете учесници со слични размислувања.
- научни музеи и изложби: Соработувајте со локалните научни музеи или планетариуми за да организирате проекции и дискусии.












