for educators

for organization

ПОЧЕТОЦИ НА ФИЛМОТ И АНИМАЦИЈАТА

Временска рамка

2–4 часа

2–3 часа

1 час, опционално

Број на учесници

4–20 (училишни групи)

Ознаки

Создадено од

Emese Erdős

ЗА ЕДУКАТОРИ

Откријте ја скриената магија на подвижната слика во оваа практична работилница за почетоците на филмот. Ќе се навратиме на најраните филмови, почетоците на анимацијата и подвижните слики преку оптички уреди како што се: тауматроп, праксиноскоп, зоитроп, флипбук и фенакистископ, и ќе создадеме кратки анимации на хартија.

Соодветност на наставната програма

Работилницата може да се интегрира во образовни програми и на ниво на основно и на средно училиште, во предмети како што се: Ликовна уметност, Биологија, Физика, Математика, Ликовна уметност и Информатичка технологија.

За активноста

Во дигиталната ера, лесно е да се превиди фактот дека филмот е составен од безброј малку различни сликички. И анимираните и играните филмовите се потпираат на овој принцип, но истражувајќи го процесот на цртање на секој кадар се открива магијата. Оваа работилница за почетоците на филмот нуди практично искуство и подлабоко разбирање. Учесниците се запознаваат со историјата на подвижните слики и креативниот процес на анимација. Тие, исто така, ја истражуваат науката и оптичките илузии во раните уреди за анимација – и откриваат како функционираат овие фасцинантни алатки.

Составивме еден краток квиз за да го проверите вашето филмско знаење по работилницата – проверете го!

Што добиваат учесниците

  • стимулирање на креативноста: истражување на нови начини за изразување идеи преку анимација;
  • разбирање на направите од почетоците на филмот, учење за нивните механизми и принципи како што е упорноста на видот;
  • подобри вештини за решавање проблеми: разложување на големи идеи во управливи, креативни проекти;
  • учење за историјата на филмот и анимацијата: стекнување увид во потеклото на филмот како и раните техники кои влијаеле врз современото филмско творештво;
  • визуелено и вербално размислување: негување на креативната и аналитичката мисла преку гледање и пренесување идеи низ слики;
  • трпение и упорност: учење на вредноста на упорноста преку прецизен процес на анимирање на секој кадар.

Read more

Што добиваат едукаторите

  • премостување на уметност и наука: подобрете ја вашата настава преку интегрирање на креативните уметности со научните принципи, со што ќе се поттикне интердисциплинарен пристап;
  • збогатување на наставната програма со иновативни методи на настава: практична, интерактивна работилница која овозможува да експериментирате со нови наставни стратегии што ќе го направат учењето поангажиранo и користење уникатни алатки за поефикасно привлекување на вниманието на учениците;
  • подлабоко разбирање на историјата на филмот од самите почетоци на анимацијата и филмот, што можете да го вклучите во наставната програма;
  • поттикнување на креативноста кај учениците преку прикажување како раните техники на анимација влијаеле врз модерното филмско творештво.

Read more

Ресурси

Барања на местото на одржување

  • соба каде што можете да прикажувате филм во кино-амбиент (опција за затемнување на прозорците)
  • простор за уметност и активности (маси, столици, светло)
  • простор за поставување на играчките од почетоците на филмот и алатките за анимација

Технологија

  • проектор
  • аудио-техничар
  • компјутер

Материјали

1.Направи од почетоците на филмот

  • тауматроп
  • флипбук
  • зоетроп
  • праксиноскоп
  • телеидоскоп, калеидоскоп
  • фенакистоскоп
  • стереоскоп

2.Алатки

  • моливи и пенкала во бои, графитни моливи, гуми за бришење, острилка, фломастери, боички
  • линијари, ножици
  • бележник (стикери итн.) за употреба како флипбук
  • ленти хартија со одредена големина за различните уреди со ознаки на рамката
  • лист хартија на масата (за сториборд и како заштита на површината)

Преземи ги сите едукативни материјали

Чекор по чекор

  1. Истражување на почетоците на филмот. (види Алатки)
  2. Соберете и/или креирајте уреди од почетоците на филмот за вашиот вовед и покажете примери. Можете да ги покажете и онлајн, но колку повеќе уреди можете да ставите на масата, толку подобро ќе биде искуството. (видете Алатки)
  3. Истражете кратки или долгометражни анимирани филмови за ученици на возраст од 6 до 20 години кои се достапни за вашата институција. Побарајте бесплатни, но лиценцирани филмови како и бесплатни или платени опции. Изберете или анимација без дијалози (по можност од светско производство) или на јазикот на работилницата.
  4. Сесијата може да трае онолку колку што е потребно, од 1 до 3 часа, во зависност од должината на филмот/филмовите. Размислете што одговара најдобро на вашиот контекст и однапред разговарајте за тоа со наставникот со кој сте во контакт. Можете да го прилагодите вашиот избор на филмови на интересите на групата, како што се темите што се обработуваат во нивното училиште.
  5. Создадете распоред (добредојде, вовед, проекција, кратка пауза, работилница) според должината на филмот/филмовите. Паузата може да биде долга колку што е потребно соодветно на возрасната група, во зависност и од времето од денот (ручек, итн.).
  1. Вовед и т.н. „кршач на мразот”
    • Накратко претставете се и дадете преглед на активностите од денот.
    • Опционално: Претставете ја вашата институција и прашајте ги учениците што мислат за неа, поставувајќи прашања како: Што мислите дека се нашите цели? Што би можеле да бидат нашите главни задачи? Кои активности се достапни? Кои оддели се вклучени?
    • Презентирајте краток преглед за почетоците на филмот, клучните превртници во историјата на филмот и прашајте ја групата што знаат тие за еволуцијата на киното. (Временска рамка)
    • Активност за „кршење на мразот”: На пример, побарајте од групата да именува омилен анимиран филм или последниот филм што го гледале во кино.
    • Претставете го/ги анимираниот/ите филм/ови што ќе ги прикажувате, објаснете ја нивната важност. Што го прави филмот посебен? Каде се вклопува во историјата на филмот? Прашајте дали го гледале филмот претходно.
  2. Проекција
    • Прилагодете ја јачината на звукот според возрасната група. За помладите ученици, намалете ја јачината на звукот и дозволете малку светлина во просторијата за прикажување, доколку е потребно.
    • Некои од филмовите што ги препорачуваме во делот „Филмови за гледање” се достапни бесплатно.
    • Опционално: Доколку преостанатиот време ви дозволува, гледајте го филмот со групата за да ги набљудувате реакциите на учениците додека го гледаат.
  3. Кратка дискусија
    По филмот, можете накратко да разговарате со учениците за тоа што штотуку го гледале, како се чувствуваат, што им се допаднало, а што не им се допаднало, или што би издвоиле.
  4. Кратка пауза
  5. Работилница
    • Претставете ја историја на почетоците на филмот и оптички уреди. Корисно е да се презентираат по хронолошки редослед, дискутирајќи ги разликите меѓу нив, како се развиени, како функционираат и нивното значење во создавањето на илузијата на подвижните слики. Објаснете зошто гледаме серија неподвижни слики брзо едноподруго, создавајќи ја илузијата на флуидно движење. Објаснете го терминот упорност на видот (видете Алатки).
    • Прашајте ги учениците дали некогаш цртале анимација, рачно или на компјутер. (Многумина не сфаќаат дека цртањето анимација во аглите на тетратката се смета за анимација. Прашајте ги конкретно за тоа и посочете дека и тоа се смета за анимација.)
    • По презентацијата, дозволете им на учениците да одлучат што би сакале да пробаат од уредите и материјалите што се достапни. Поставете временско ограничување и споменете го нивото на потешкотија со ракување за секој уред. Разгледајте ги разликите во техниките и начините на цртање, како и барањата за секоја алатка. (на пр., на таумaтроп му се потребни 2 рамки, на флипбук книгите им се потребнин 40 до 60 страници итн.: видете Алатки).
    • Поттикнете го/ги наставникот/иците да им се придружат на своите ученици и да правaт анимации со нив.
    • Креативни и технички предлози за учениците:
      – дозволете им да размислат за тема, лик, приказна или движење што би сакале да го анимираат;
      – уверете ги дека можат да создадат одлични анимации користејќи едноставни геометриски форми (точки, кругови, линии, триаголници итн.), без оглед на вештините за цртање;
      – охрабрете ги да бидат креативни истражувачи и да направат храбри експерименти;
      – насочете им го вниманието кон фактот дека сè е можно во анимацијата – од целосно реалистично до многу надреално;
      – предложете им да започнат со молив (лесно се брише) наместо пенкала, маркери итн.;
      – дозволете им да ги користат насловните листови на масата за цртање, скицирање, белешки, шаблони, сторибордови;
      – понудете индивидуална помош ако некој се мачи да најде инспирација, сè додека не најде нешто што ќе го разбуди неговиот интерес.
    • Погрижете се да разговарате со секој ученик за неговата идеја, потоа водете ги учениците низ техничките и цртачките чекори онолку колку што е потребно.
    • Секој ученик нека ги презентира своите анимации пред групата. Дајте повратни информации и охрабрете ја врничката поддршка.
    • Побарајте од нив да размислат за својата работа и за креативниот процес.
    • Дозволете им и на учениците и на наставниците да поставуваат прашања за историјата на филмот, техниките или сè што научиле за време на работилницата.
  1. Заблагодарете им се на сите за нивното учество и посветеност. Повторете ги клучните точки и правила. – 10 мин.
  2. Оценете ја работилницата. Прашајте ги учесниците што им се допаднало, а што не, побарајте совети како да го направите тоа подобро. – 20 мин.

Филмови за гледање

Балада за фрулата и ѓерданот (Balada o fruli i ogrlici)

Режисер:

Мартин Бабиќ

Земја:

Словенија

Година:

2018

Времетраење:

12 мин.

Направете ја достапна за сите

Обезбедувањето пристапност за сите е клучно за инклузивна и ангажирачка работилница. Некои клучни стратегии за подобрување на пристапноста:

  • проценете ги потребите: пред работилницата, контактирајте ги училиштата или организациите за да идентификувате какви било потешкотии во учењето или јазични бариери. Ова ќе помогне работилницата да се прилагоди на сите учесници.
  • инклузивна помош: соработувајте со локални организации за да се обезбедат асистенти за учесници од маргинализираните групи или за оние со специфични потреби. Нивната персонализирана поддршка ќе обезбеди нивно целосно учество.
  • визуелна и аудитивна пристапност: користете материјали со висок контраст и поголем фонт за ученици со оштетен вид. Размислете за тактилни дијаграми за ученици со оштетен вид. Обезбедете титлови за филмови или транскрипти за да ги поддржите учениците со оштетен слух.
  • адаптивни алатки: поедноставете ги алатките и упатствата каде што е потребно. Обезбедете дополнителна поддршка за да им помогнете на учениците кои би можеле да имаат потешкотии со користење на уреди од почетоците на филмот или во разбирањето на сложени концепти.
  • флексибилни временски рамки: дозволете дополнително време за учесниците на кои им е потребно, без разлика дали станува збор за завршување на задачите или во паузите. Флексибилноста овозможува секој да може да работи по свое темпо.
  • повеќејазична поддршка: понудете материјали и инструкции на повеќе јазици или користете двојазични олеснувачи за учесници кои можеби не го зборуваат јазикот на работилницата.
  • удобна средина: погрижете се физичката средина да биде инклузивна, со опции за тивки простории, добро осветлување и распоред на седење за ученици со проблеми со мобилноста.

Мисли и искуство

Што создадовме

ЗА ОРГАНИЗАЦИИ

Што добиваат организациите

Обезбедувањето пристапност за сите е клучно за инклузивна и ангажирачка работилница. Некои клучни стратегии за подобрување на пристапноста:

  • проценете ги потребите: пред работилницата, контактирајте ги училиштата или организациите за да идентификувате какви било потешкотии во учењето или јазични бариери. Ова ќе помогне работилницата да се прилагоди на сите учесници.
  • инклузивна помош: соработувајте со локални организации за да се обезбедат асистенти за учесници од маргинализираните групи или за оние со специфични потреби. Нивната персонализирана поддршка ќе обезбеди нивно целосно учество.
  • визуелна и аудитивна пристапност: користете материјали со висок контраст и поголем фонт за ученици со оштетен вид. Размислете за тактилни дијаграми за ученици со оштетен вид. Обезбедете титлови за филмови или транскрипти за да ги поддржите учениците со оштетен слух.
  • адаптивни алатки: поедноставете ги алатките и упатствата каде што е потребно. Обезбедете дополнителна поддршка за да им помогнете на учениците кои би можеле да имаат потешкотии со користење на уреди од почетоците на филмот или во разбирањето на сложени концепти.
  • флексибилни временски рамки: дозволете дополнително време за учесниците на кои им е потребно, без разлика дали станува збор за завршување на задачите или во паузите. Флексибилноста овозможува секој да може да работи по свое темпо.
  • повеќејазична поддршка: понудете материјали и инструкции на повеќе јазици или користете двојазични олеснувачи за учесници кои можеби не го зборуваат јазикот на работилницата.
  • удобна средина: погрижете се физичката средина да биде инклузивна, со опции за тивки простории, добро осветлување и распоред на седење за ученици со проблеми со мобилноста.

Барања на тимот

  • во зависност од големината на групата: 1 или 2 раководители на работилницата (1 водач на максимум 20 учесници; 2 водачи на максимум 40 учесници)
  • техничка поддршка за време на работилниците
  • координатор/организатор доколку работилниците се одржуваат надвор од училиштето (надзор на финансирањето, техничките прашања, регрутирањето на учесници и промоција)
  • доколку учесниците на работилницата вклучуваат деца со посебни потреби (од која било маргинализирана група), препорачливо е да се покани асистент/водич за инклузија кој целосно ќе биде посветен на групата, и ќе се погрижи сите деца да имаат колку што е можно порамноправно и поцелосно искуство од работилницата.
  • едукатори: наставници по предметите Ликовна уметност, Физика, Биологија или Информатичка технологија можат да ја вклучат оваа работилница во нивната наставна програма.
  • музејски персонал: културните институции како што се музеите или филмските архиви можат да имаат корист од интегрирање на оваа активност во нивните образовни програми.
  • локални уметници или аниматори: соработка со креативни професионалци може да понуди експертски увид во процесот и историјата на анимацијата.
  • специјалисти за наука и технологија: професионалци кои се специјализирани за оптика, наука за видот, или филмска технологија можат да придонесат кон важното знаење во работилницата.
  • организации во локалната заедницата: организациите фокусирани на развој на младите, ментално здравје или уметност можат да ја користат оваа работилница како алатка за поттикнување на креативноста.

Совети за финансирање

Грантови: Побарајте образовни и уметнички грантови од владини тела, културни институции или приватни фондации (на пр., локални совети за уметност или организации за финансирање филмови). Партнерства со образовни институции: Соработувајте со училишта, музеи или уметнички центри кои може да имаат буџет наменет за образовни програми.

Совети за промоција

  • употреба на кој било достапен канал (веб-страница на организаторот на работилницата, социјалните медиуми , билтен или покани преку е-пошта)
  • кампањи на социјалните медиуми: користете платформи како Инстаграм, Фејсбук и Твитер за споделување содржини од зад сцената, приказни од учесниците и напредок на работилниците.
  • билтени испратени по е-пошта: стапете во контакт со училишта, центри во локалната заедницата и локалните организации преку билтени за да информираат за работилницата.
  • постери во заедницата: поставете ги во локални библиотеки, уметнички центри или кафулиња, особено оние што се популарни за семејствата и учениците
  • локални печатени медиуми и блогови: контактирајте ги локалните весници, списанија и блогери кои би можеле да бидат зантересирани да покријат настани во локалната заедница или образовни програми.
  • усно пренесување: охрабрете ги учесниците да го споделат своето искуство со другите. Позитивна критика од врсници често може да биде една од најефикасните промотивни алатки.

Пронајдете ја вашата публика

Барајте поединци и групи заинтересирани за креативни и образовни искуства. Фокусирајте се на училишта и едукатори, особено во наставата на Ликовни уметности, Природни науки или Историја. Училишта со активни STEAM програми веројатно ќе бидат заинтересирани за интердисциплинарната природа на работилницата. (STEAM образованието е интердисциплинарен пристап што ги интегрира науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката за да се поттикне креативност, критичко размислување и вештини за решавање проблеми.) Центри во заедницата, библиотеки и музеи се исто така одлични места за да се допре до семејствата, учениците и едукаторите. Дополнително, размислете за контактирање родители кои бараат ангажирачки и едукативни активности за своите деца, како и со креативни професионалци (на пр., амбициозни аниматори) кои можеби сакаат да ги истражуваат техниките од почетоците на филмската уметност. Преку социјалните медиуми, можете да допрете до млади ученици и постари учесници кои се заинтересирани за анимација, историја на филм или уметничко изразување.