for educators

for organization

НАПИШЕТЕ ЈА СВОЈАТА ФИЛМСКА ПРИКАЗНА

Временска рамка

30 мин

2,5 часа

15 мин

Број на учесници

10

Ознаки

Создадено од

Славомира Макакова (автор)
Роберт Рампачек (уредник)

ЗА ЕДУКАТОРИ

Претворете го вашето „Не можам да смислам ништо“ во „Имам одлична приказна“. Оваа работилница прави заплетот и градењето ликови да биде едноставно (и забавно).

Соодветност на наставната програма

Ви предлагаме да ја вклучите работилницата во вашите училишни предмети како што се: Maкедонски јазик, Ликовна уметност и Медиумска писменост. Учениците, исто така можат да имаат корист од работилницата како дел од нивните часови по литература или драма. Работилницата може да се претвори во: самостојни проекти, семинари, наставни блокови, курсеви и слично. Учениците ќе научат:

  • како да не консумираат, туку да разбираат, анализираат, критички пристапуваат и креираат медиумска содржина;
  • како да се создадат силни ликови во нивните приказни и да доловат креативни идеи.

За активноста

Секој добар филм започнува на хартија, односно како идеја во форма на мисла. Она што е тешко е да ја дофатите и да ја запишете. Дали постојано ги губите вашите одлични идеи? Постојат едноставни техники кои ќе ви помогнат да направите ваш личен филмски сториборд. Што велите за силен лик за почеток? Херој со привлечни квалитети и јасна цел.

Составивме еден краток квиз за да го проверите вашето филмско знаење по работилницата – проверете го!

Што добиваат учесниците

  • способност за препознавање на основни елементи на едноставна филмска нарација;
  • да дознаете повеќе за позадината на филмските приказни;
  • можност да се обидете да работите со „реченица со празнини
  • да научите како да создадете главен лик според нивните сопствени желби и замисли.

Read more

Што добиваат едукаторите

  • можност да се истакне потребата од приказни во нашите животи;
  • развивање на вокабулар на ликови и типови на личност;
  • можност за имплементирање на актуелни теми од организациската средина, регионот или земјата во лекцијата.

Read more

Ресурси

Барања на местото на одржување

  • една соба прилагодена за деца со доволно природна светлина
  • стол и работен простор (маса) за секој учесник
  • флипчарт табла или бела табла
  • простор за кетеринг/ужина (опционално)

Технологија

  • еден проектор (ТВ, монитор)
  • лаптоп (ДВД-плеер)

Материјали

  • прибор за пишување (пенкала, моливи, хартија)
  • уметнички прибор: обоени листови А4, маркери или моливи во боја, ножици, лепила, хефталка
  • кратка 10-минутна филмска сцена за референца (совети подолу)
  • 5 копии од фото сториборд (8–10 испечатени фотографии од референтниот филм)

Преземи ги сите едукативни материјали

Чекор по чекор

  1. Изберете празна просторија со маси и столчиња.
  2. Подгответе прибор за пишување (пенкала, моливи и бели празни листови хартија).
  3. Подгответе материјали за цртање.
  4. Подгответе ги вашите филмски референци (сите да бидат преземени, табовите да бидат подготвени итн.).
  5. Подгответе го фото сторибордот. Можете да направите ваш личен или да го употребите нашиот од алатките.
  6. Референцата за филмот може да се проектира на ѕид/платно за проекција или да се прикаже на телевизор/поголем монитор.
  7. Подгответе доволно голем и удобен простор за заедничка сесија за размена на идеи. Најдете место за флипчарт таблата и поставете ја таму.
  8. Дозволете им на учесниците да седнат на своите места.
  1. Запознајте се едни со други. (СОВЕТ: Охрабрете ги сите да кажат неколку зборови за себе, почнувајќи од себе. Кажете го вашето име и зошто одлучивте да ја водите работилницата. Додадете прашање за филм, како на пример, кој ви е омилен филм, серија, лик итн.) – 10 мин.
  2. Претставете ја работилницата. Исто така можете да го опишете посакуваниот резултат. (СОВЕТ: Видливата рамка им помага на децата да го следат напредокот на работата.) – 5 мин.
  3. Започнете со кратка презентација на трите фази на филмската продукција (идеја, развој, филм). Можете да го користите водичот во Алатките. (СОВЕТ: Целта не е да се преоптоварат учесниците со знаење, туку само да бидат свесни за сложеноста на филмот како креативна активност. Слободно запишете ги основните концепти на табла.) – 15 мин.
  4. Подготовка на учесниците за проекција на филмот. (СОВЕТ: Не откривајте премногу информации за насловот на филмот. Замолете ги учесниците да обрнат внимание на филмот и да запомнат што е можно повеќе.) – 5 мин.
  5. Проекција на филм. – 10 мин.
  6. Активност. Поделете ги фото сторибордовите и побарајте од учесниците да ги групираат фотографиите во низа врз основа на филмот. – 10 мин.
  7. Дискусија. Прашајте ги учесниците како одлучиле за редоследот на фотографиите од филмот. Подетално дискутирајте за првите три слики. Обрнете внимание на описот на сликите од страна на учесниците, охрабрете ги да набљудуваат што прават ликовите, каква облека носат и како изгледа амбиентот. (СОВЕТ: Начинот на кој ликовите се претставени на почетокот на филмот е клучен за остатокот од приказната. Вовдедните делови од филмот се тие што го дефинираат ликот, амбиентот и честопати сушинскиот заплет на приказната. Затоа, посветете повеќе внимание на делот наречен експозиција.) – 10 мин.
  8. Кратка пауза – 5 мин.
    Објаснете им на учесниците дека секоја приказна има потреба од почеток. Прашајте: „Од каде да почнеме”? Размислете за следново:
    а) Приказна изградена врз силен лик (херој, од кој било пол)
    Примери: Монах, Менталист, Покераш)
    б) Приказна изградена врз основа на конфликт (ситуација)
    (Примери: „Денот на мрмотот”, „Враќање во иднината”, „Мичел против машината”, „Боли”)
    в) Приказна заснована на нејзината уникатна околина
    (Примери: филмови за холокаустот како што е „Синот на Саул”; филмови за катастрофи) – 10 мин
  9. Објаснете ја синтагмата „реченица со празнини” и опишете ја како алатка за креирање на првичната конструкција на приказната.
    [Протагонистот] решава [проблем], реагира [со глума] и конечно го решава [проблемот] во [последната битка]. – 10 мин.
  10. Групна демонстрација на работа со „реченица со празнини”. – 10 мин.
    (СОВЕТ: Покажете како вие би ја дополниле реченицата, а потоа поканете ги учениците да го сторат истото.)
  11. Самостојна работа (мали групи или поединци). – 15 мин.
    Цел: Задачата на учесниците е да создадат функционална реченица што го претставува нивниот протагонист и одговара на прашањето што протагонистот сака да постигне и кој/што ги спречува во тоа.
  12. Презентации на самостојната работа – 5 мин.
  13. Кратка пауза – 10 мин.
  14. Активност. Донесете ги уметничките материјали и побарајте од учесниците да создадат корица со ликот на нивниот измислен херој. Внатре, тие ќе ја напишат нивната реченица „без празнини” за херојот. – 20 мин.
  1. Заблагодарете им се на сите за нивното учество и посветеност. Повторете ги клучните точки и правила. – 10 мин.
  2. Оценете ја работилницата. Прашајте ги учесниците што им се допаднало, а што не, побарајте совети како да го направат тоа подобро. – 20 мин.

Филмови за гледање

Дупка

Режисер:

Мадлин Шарафијан

Земја:

USA

Година:

2020

Времетраење:

7 мин.

Loin du 16e – Париз, je t'aime

Режисер:

Валтер Салес, Даниела Томас

Земја:

Франција/Германија

Година:

2006

Времетраење:

5 мин.

Играчот

Режисер:

Роберт Алтман

Земја:

САД

Година:

1992

Времетраење:

124 мин.

Почудно од фикција

Режисер:

Марк Форстер

Земја:

САД

Година:

2006

Времетраење:

113 мин.

Направете ја достапна за сите

Имајте предвид дека оваа работилница бара пишување и читање, што може да претставува уникатен предизвик за различни групи. Погледнете ги нашите општи совети за пристапност за да ја направите вашата работилница што е можно поинклузивна.
Доколку однапред дознаете дека еден или повеќе од вашите учесници не го зборуваат јазикот од вашата работилница, можете да подготвите материјали на нивниот јазик. Исто така, препорачуваме асистент за инклузија што би можел да му преведува на детето/децата.
Прилагодете го вашиот јазик на групата. Користете едноставни и разбирливи зборови и структура на реченици што е подостапна за сите учесници. Доколку користите печатени материјали или текст во други формати, осигурајте се дека користите контрастни бои и фонт што е лесен за читање и доволно голем за деца со оштетен вид.
Доколку има деца што имаат потреба од дополнителна помош, осигурајте се дека ќе одвоите доволно време и персонал бидејќи втората половина од работилницата се базира на самостојна работа. За некои деца, должината на секој чекор може да претставува предизвик. Активните чекори на имплементацијата (видете погоре) не треба да надминуваат повеќе од 30 минути. Исто така, препорачуваме да ја скицирате работилницата на децата, за тоа колку време е потребно за секој дел до крајната цел. Во зависност од природата на групата, можете да направите дел од активностите да бидат натпреварувачки – на пример, видете која група може најбрзо да ги постави филмските фотографии во правилен редослед итн.

Мисли и искуство

Што создадовме

ЗА ОРГАНИЗАЦИИ

Што добиваат организациите

  • можност да допрете до поширока и помлада публика;
  • можност да се допрете до луѓе кои создаваат сопствени литературни дела.

Барања на тимот

  • За работилницата е потребен еден предавач со основно познавање на филмско образование и конструкција на филмска слика, користејќи елементи како што се: околина, ликови, сцена или филмско време
  • Доколку учесниците во работилницата вклучуваат деца со посебни потреби (од која било обесправена група), препорачливо е да се покани асистент/водич за инклузија кој ќе биде целосно посветен на групата, и ќе се погрижи сите деца да имаат колку што е можно порамноправно и поцелосно искуство од работилницата.
  • Лице кое ќе помогне во продукција.

Совети за финансирање

Размислете за следните трошоци пред да ја одржите работилницата:

  • надомест за предавач
  • надомест за асистент за инклузија (доколку е релевантно)
  • изнајмување на простор
  • опрема
  • кетеринг (опционално)
  • надомест за авторски права за прикажување на филм

Работилницата ги спојува театарот и филмот. Доколку сте организација, можете да користите средства или грантови наменети за обете уметности.

Совети за промоција

  • употреба на кој било достапен канал (веб-страница на организаторот на работилницата, социјалните медиуми, билтен или покани преку е-пошта)
  • да се создаде формулар за регистрација за луѓето да се пријават
  • промовирајте ја работилницата доволно време однапред за таа непосредно да стигне до луѓето
  • земете го во предвид платеното рекламирање на социјалните медиуми (во зависност од вашиот буџет)
  • во описот, јасно наведете што се работи на работилницата, кога и каде ќе се одржи и за кого е наменета
  • објавете видео покана од предавач или член на организацијата два или три дена пред датумот на почеток на работилницата
  • флаери, постери, радио рекламии реклами во весници (исто така и онлајн)

Пронајдете ја вашата публика

Оваа работилница бара самостојна работа, течно читање и течно пишување. Погодна е за деца на возраст од 10 до 15 години, со напредни моторни вештини и основно познавање на литература и филмови. Доколку вашата работилница е за помлади учесници, можете да ја рекламирате преку контактирање на наставници, директори на училишта, или родители. Со тинејџерите, најдобро е да се обратите или кај нивниот класен раководител или кај предметните наставниците, бидејќи тие имаат директно влијание врз учениците. Директна е-пошта исто така е опција. На пример, можете да побарате од клубовите да ја вклучат вашата реклама во нивните редовни билтени за своите претплатници.